Видео: Клоп и Келехер – прегратка од „шефот“ значи многу

Куртис Џонс можеби го постигна голот за триумф, но најзаслужен за вечерашната победа на Ливерпул над Ајакс дефинитивно беше Каомин Келехер. Младиот голман доби предност пред ветеранот Адријан во ситуација кога Алисон Бекер е повреден и максимално ја оправда довербата, бранејќи неколку исклучително опасни удари од гостинските фудбалери.

Јирген Клоп не го криеше воодушевувањето од настапот на младиот голман, па веднаш по завршниот свиреж на судијата истрча до Келехер за да му честита за беспрекорното издание.

Прегратката и насмевката на „шефот“ кажуваат многу, јасно е дека Келехер со ова издание се избори за статусот на прва резерва на Алисон и речиси сигурно е дека ќе стартува и во следното коло од ЛШ, на гостувањето против Митјиланд.

Се вчитува...