Видео кое не остава рамнодушен: Милосављев плаче со звуците на „Вардаре не те оставаме“… (ВИДЕО)

Шампионскиот автобус е на пат кон плоштадот Македонија на централната прослава на европската круна. А, илијадници навивачи ги очекуваат вардаровите ракометари кои следени и од звуците на новата химна „Вардаре не можам без тебе, Вардаре не те оставаме…“ веќе и не ги кријат своите емоции од она што го гледаат на патот до центарот на главниот град.

„Мене ми се плаче навистина, под силни емоции сум од се она што го гледам пред мене“ – рече и голманот на „црвено-црните“, Милосављев.

Се вчитува...