ВИДЕО: Кога Ибраими „царува“ – Шкендија реди „шестка“… евро-гол на Стјепановиќ!

Кога на терен царува Бесарт Ибраими тогаш едноставно „нема зима“ за Шкендија… Тетовци со убедлива победа од 6-2 против Работнички го заокружија дербито од 5. коло во ПМФЛ.

А, таа приказна Бесарт Ибраими ја заокружи со хет-трик…, и плус асистираше или учествуваше во акциите при останатите три гола на домашните!

Иако, Работнички дојде до предност со голот на Петар Петковски уште во 10. минута, потоа следеа три гола на Шкендија за само три минути, во 37. минута на Мици, во 38. минута на Ибраими и во 40. минута на Бојку за водство пред полувремето од 3-1…

Во вториот дел, следеше гол на Алими по мајсторскиот продор на Ибраими во 53. минута, а потоа во 75. минута и 82. минута и самиот Бесарт Ибраими го заокружи хет-трикот! Па, во сенка на мајсториите на Ибраими остана и евро-голот на Остоја Стјепановиќ во 70. минута колку за втор гол на Работнички.

Се вчитува...