ВИДЕО: Кој ќе ги запре „пандевци“!? Четири „парчиња“ и за Победа!

Продолжува победничкиот од за Академија Пандев во домашниот шампионат. „Пандевци“ ја задржаа лидерската позиција на табелата пред Шкендија и Вардар откако со 2-4 славеа против Победа на гостувањето под „Тумбе кафе“ во Битола.

Уште во првото полувреме со два гола гостите ја најавија победата. Во 8. минута погоди Миловановиќ, а потоа во 39. минута својот прв гол во дресот на Академија Пандев го постигна поранешниот македонски репрезентативец Ванче Шиков…


Победа намали пред полувремето со голот на Ефремов.

Во второто полувреме, Мустафов во 51. минута израмни на 2-2, но кратко траеше радоста на домашните откако струмичани си ја обезбедија победата со головите на Миловановиќ во 63. минута за 2-3 и на Љупчо Дориев од пенал во 81. минута.

Се вчитува...