Видео: Кој вели дека Кристијано Роналдо е себичен?

Кристијано Роналдо ги замолкна сите оние кои го опишуваат како себичен фудбалер со фантастична асистенција на денешниот дуел од Купот на Конфедерации меѓу Португалија и Мексико.

Тој влезе во противничкиот шеснаесетник, а откако увиде дека тројцата противнички дефанзивци се фокусираа само на него извонредно го проигра во празно Кварезма, кој немаше тешка задача да го совлада Очоа.

Купот на Конфедерации е единствено натпреварување во кое Роналдо во кариерата нема постигнато гол, но успехот на тимот е пред личната слава за Кристијано.

Се вчитува...