ВИДЕО: Колина го одреди судијата за финалето на СП, а тој се расплака кога дозна

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство, кое ќе се игра во недела во 21 часот во Њу Џерси.

ФИФА објави видео во кое претседателот на Судиската комисија на ФИФА и легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина му соопштуваат на Винчиќ дека е избран за главен судија на финалниот натпревар.

Словенечкиот судија емотивно реагираше на веста дека ја добил најголемата чест во својата кариера и не можеше да ги скрие емоциите, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

За 46-годишниот Винчиќ, ова е врвот на неговата судиска кариера. Претходно судеше во финалето на Лигата на Европа во 2022 година, во кое Ајнтрахт го победи Ренџерс на пенали, како и во финалето на Лигата на шампионите во 2024 година, кога Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд.

Винчиќ стекна искуство и на Светското првенство во Катар 2022 година, а на овогодинешното Светско првенство судеше на натпреварите од групната фаза помеѓу Бразил – Мароко и Јордан – Алжир, како и на осминафиналниот натпревар меѓу Мексико и Еквадор.

Се вчитува...