Видео-компилација за восхит: Руското шоу на „летечкиот Вајли“

Џејкоб Вајли имаше импресивен настап на квалификацискиот турнир во Перм, каде новопечениот македонски репрезентативец одигра извонредно на четирите средби од квалификациите за Евробаскет 2022.

Медиа-тимот на ФИБА Европа попладнево објави и видео-компилација од настапот на американскиот центар, кој доминираше на сите делови од теренот. Атрактивни забивања, блокади, контранапади и асистенции од зад грб, Вајли може буквално се, но штета е што и покрај неговите одлични изданија Македонија не успеа да се пласира на Евробаскет 2022.

Американецот по одличните настапи за македонската репрезентација си обезбеди и нов клупски ангажман, потпишувајќи со тимот на Сарагоса до крајот на сезонава.

Се вчитува...