ВИДЕО: Конечно Беласица ја прекина низата од четири меча без триумф…

Беласица ја прекина низата од четири натпревари без пораз на Ренова славејќи со 3-1 во пресметката од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Од друга страна, пак, струмичани си ја прекинаа и својата низа од четири едноподруго натпревари без победа во шампионатот. Филип Ивановски стрелаше во 9. минута за водство од 1-0, а потоа Ненад Мишковски израмни во 45. минута.

Победа на домашните дојде во вториот дел кога во 80. минута од пенал погоди Зоран Балдовалиев а конечните 3-1 во 92. минута ги постави Пепи Георгиев…

Се вчитува...