ВИДЕО: Крсте „Велики“ – два гола и асистенција за триумф на Сараево!

Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски е херојот на Сараево во 7. коло од плеј-оф разигрувањето за шампионатот на БиХ, носејќи триумф од 3-1 против Радник со кој продолжува битката за европски излез.

Велкоски беше стрелец на првите два гола за Сараево, а асистираше на третиот во повеќе од значајната победа.

Македонскиот напаѓач најпрво погоди во 7. минута, а потоа стрелаше и во 21. минута….


На крајот, во 93. минута му асистираше на Рахмановиќ за конечен триумф од 3-1.

Крсте Велкоски сега има 11 погодоци сезонава во најсилната лига на БиХ.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...