ВИДЕО: „Лавовите“ и „романтичарите“ со голови од пенал ги „шокираа“ Гостивар и АП Брера на гости

Фудбалерите на Македонија ЃП приредуваат досега вистинско изненадување со водство од 0-1 на гостувањето против Гостивар во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ ги шокираа домашните со предност уште во 14. минута од средбата.

Од пенал погоди поранешниот репрезентативец Крсте Велкоски за водство од 0-1 на Македонија ЃП.

Гостинска предност од 0-1 имаат и фудбалерите на Работнички против АП Брера на дуелот кој се игра во Турново. „Романтичарите“ до водство дојдоа исто така од пенал, со голот на Мазари во 15. минута од натпреварот.

Се вчитува...