ВИДЕО: „Лавовите“ со евро-голот на Да Силва до бод со Шкендија

По поразот во првото пролетно коло на гостувањето против Академија Пандев, Македонија ЃП стигна до сосема заслужен бод од пресметката со Шкендија во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ до ремито (1-1) против лидерот на табелата дојдоа благодарение на евро-голот директно од слободен удар на Бразилецот Робсон Да Силва во 58. минута од средбата. Претходно, Шкендија поведе со голот на Омар Имери уште во 5. минута кој исто така запиша прекрасен погодок со шут од 18. метри.

Двата убави погодоци од пресметката во Ѓорче Петров може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...