ВИДЕО: Лекции за „мат во два потези“ – Хасани двоен стрелец во Битола!

Шкендија сосема заслужено води со 0-2 по првото полувреме на дуелот од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига против Пелистер во Битола.

На идентичен начин, со брзи акции од контранапад, како од учебниците, тетовци ги постигнаа двата гола преку капитенот Ферхан Хасани.

Во првиот случај, уште во 3. минута одлично беше проигран од Жуниор, а во 39. минута по одличната топка од Тодоровски, Хасани го покажа сиот свој раскош постигнувајќи убав гол со лоб удар…

Се вчитува...