Пелистер и Работнички одиграа полувреме за заборав во дербито од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига, но повеќе од интересно второ полувреме за конечни 1-1 под „Тумбе кафе“.
Две мајстории на мало можеа да видат љубителите на фудбалот од Битола во вториот дел, и уште неколку убави можности на двете страни за, на крајот, сосема реални 1-1.
Најпрво во 50. минута Кире Маркоски одлично избега пред домашната одбрана носејќи ги „романтичарите“ до водство…
Но, Пелистер не дозволи пораз, па во 66. минута стигна до израмнување со голот на Благоја Љамчевски кој одлично реагираше во гостинскиот шеснаесетник…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА