ВИДЕО: Мајсторија на Пешевски, па на сцена стапуваат браќата Лазарови…

Македонската ракометна репрезентација води со 15-13 на полувремето против Исланд во квалификациите за Европското првенство.

Националниот тим одигра квалитетен прв дуел завршувајќи со предност, иако пропушти можности за поубедлива предност. Борко Ристовски беше одличен на голот со седум одбрани, а Кире Лазаров феноменален во нападот со 8 постигнати погодоци.

Од низата ефектни погодоци на македонските ракометари во првото полувреме сигурно се издвојува мајсторијата на Пешевски, за да потоа на сценат стапат и браќата Лазарови…

Покрај проектилите на Кире Лазаров, во последните секунди имавме можност преку контра да дојдеме и до четири гола предност за одмор, но не успеавме, па Исланѓаните не казнија буквално во последната секунда…

Се вчитува...