ВИДЕО: Мајсторијата на Кабрал од слободен удар – гол на 22. коло

Бразилецот од редовите на Работнички, Жунињо Кабрал го постигна голот на колото во 22-та рунда од натпреварите во Првата македонска фудбалска лига.

Од разочарувачки само пет погодоци во пет меча во 22. коло, од кои три од пенал, Кабрал реализираше вистинска мајсторија во 95. минута на мечот против Академија Пандев кој „романтичарите“ го загубија со 1-2…

Претходно, Академија Пандев поведе со голот од пенал на Љупче Дориев во 45. минута. А, на 0-2 зголеми Даниел Миловановиќ со голот во 93. минута.

Прекрасниот гол на Кабрал, и погодоците за триумф на Академија Пандев може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...