ВИДЕО: Мајсторијата на Петровиќ против Италија, како мотив за Шведска

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби од Италија со 6-3 во квалификациите за пласман на СП 2024 година во меч одигран во Катанија.

Меѓутоа, избраниците на Васко Скендеровски одиграа многу подобро од тоа што го кажува крајниот резултат. Се до последните минути на мечот Македонија играше одлично одржувајќи резултатска израмнетост (3-3), пред финишот кога Италија постигна три гола за победа.

Посебно забележан ќе остане вториот погодок на Македонија за 2-2, вистинска мајсторија на Петровиќ која без сомнение треба да биде мотив за последниот квалификациски меч кој го играме против Шведска.

Македонија против Шведска ќе игра на 5. март (недела) во Скопје.

Се вчитува...