ВИДЕО: Македонија нема ВАР…. Гол или не!? Шкендија се радува, „вардарци“ во жестоки протести!

Шкендија дојде до предност од 0-1 во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме на дербито против Вардар во 10. коло од ПМФЛ со голот на Изаир Емини.

Ибраими нафрли од десната страна, Емини со глава шутираше. Гачевски несигурен дозволи топката да падне покрај него што за судиите беше гол. Но, „вардарци“ категорично тврдеа дека топката не ја минала гол линијата, па затоа следеше и инциденти на теренот со жестоки реакции на црвено-црните… По долги консултации и на судиите, на крај голот беше признаен… Гол или не? Тешко е да се одлучи од стримовите преку кои се вршат преносите на нашите терени. А, Македонија е далеку и од можност за имплементација на ВАР системот…

Се вчитува...