ВИДЕО: Македонците славеа по мечот и надвор од „Олимпико“ во Торино!

Се чини македонската фудбалска репрезентација никогаш немала поголема навивачка поддршка кога се работи за натпревар надвор од Македонија од оној синоќешниот против Италија на „Олимпико“ во Торино.

Повеќе од 1.000 Македонци кои живеат и работат на Северот од Италија, но и соседните земји, вчера дадоа безрезервна поддршка за фудбалерите кои им вратија, пак, со еден од најголемите резултати во нашата репрезентативна историја..

Makedonski navivaci 2

Makedonci vo Torino 2

По завршувањето на натпреварот македонските навивачи приредија и мала „фешта“ и надвор од стадионот во Торино наидувајќи на поддршка и од страна на Италијанците и фановите на „аѕурите“.

Се вчитува...