Видео: Мбапе со топка и го скрши носот на девојка на загревање, па веднаш отиде да се извини

Килијан Мбапе сосема случајно се најде во центарот на вниманието пред вечерашниот дуел меѓу Стразбур и ПСЖ, откако гостинскиот голгетер на загревањето упати силен удар кон трибините, по што повреди една девојка удирајќи ја директно во носот.

Французинот покажа манири и веднаш се упати кон трибината приближувајќи и се за лично да и се извини, а тој остана крај неа и на клупата крај аут-линијата, додека и беше укажувана лекарска помош бидејќи од носот и течеше крв.

Камерите не го снимија моментот на удар, туку само извинувањето на францускиот репрезентативец за оваа случајна и непријатна случка…

Се вчитува...