ВИДЕО: Миркуловски повреден, Нелоски го носи на раце, судиите „ништо не знаат, ништо не гледаат“…

Македонската репрезентација последните 20 минути од мечот со Исланд ги одигра без еден од најдобрите свои ракометари Филип Миркуловски.

Во 40. минута од играта Миркуловски заработи незгодна повреда на бутниот мускул, но сето тоа не беше забележано од судиската двојка која, и покрај повиците на нашиот ракометар, дозволи игра и погодок на Исланѓаните. Дури потоа „разбраа“ за повредата на македонскиот ракометар, откако немоќен популарниот Жути мораше на раце да биде изнесува од Нелоски…

Се вчитува...