Вардар успеа да и се реваншира на Македонија ЃП за елиминацијата во Купот на Македонија, триумфирајќи во 12. коло од ПМФЛ на гостувањето во Ѓорче Петров со 1-3.
Триумфот на „вардарци“ дојде буквално во последните секунди од мечот со погодоците на Дарко Мицевски и Јован Попзлатанов.
Вардар дојде до предност со голот на Лира во 19. минута, но Божиновски во 54.минута успеа да го израмни резултатот…
Па, откако „лавовите“ не реализираа и бројни шанси за водство, на крајот следеше казната. Мицевски во 90. минута со убав шут од 18 метри донесе водство од 1-2…
А, Попзлатанов по една брза контра во соло акција во 93. минута заокружи на 1-3…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА