ВИДЕО: Моќен нокаут на Рустемовски за полуфинале на Медитеранските Игри

Македонскиот боксер Ален Рустемовски ќе се бори за медал на Медитеранските игри во Таранто откако обезбеди пласман во полуфиналето во категоријата до 60 килограми.

Нашиот репрезентативец делуваше моќно во четвртфиналето во кое за противник го имаше Албанецот Зенели, борба што заврши со доминација на Рустемовски и нокаут во третата рунда.

Погледнете како изгледаше серијата удари на Рустемовски по кои Албанецот се најде на подот, набрзо стана, но не можеше да ја доврши борбата.

Македонскиот репрезентативец во полуфиналето ќе се сретне со Шпанецот Андрес Марин Хернандез, кој славеше со 5-0 во својата четвртфинална борба во која за ривал го имаше Плеас од Грција.

Се вчитува...