ВИДЕО: Моќни „пандевци“ – три гола за три бода против „лавовите“

Фудбалерите на Академија Пандев без никакви проблеми стигнаа до првата пролетна победа на стартот од вториот дел од шампионатот во ПМФЛ.

Рутински „пандевци“ дојдоа до трите бода сервирајќи им три гола на „лавовите“ од Скопје. Победата ја најави Љупче Дориев со голот од пенал во 12. минута.

На 2-0 зголеми Марио Крстовски по брзиот контранапад во 63. минута…

А, конечните 3-0 ги постави Аце Стојков од непосредна близина во 73. минута…

Се вчитува...