ВИДЕО: Моментот кога Македонија ги победи Англичаните и евроголот на Јани Атанасов

Македонската репрезентација до 19 години ја победи големата Англија со 2-0. Ова беше епилогот од натпреварот одигран во 2018 година, кога во квалификациите на Тренинг центарот „Петар Милошевски“, падна една од најдобрите светски селекции.

Англија предводена од Фоден и Маунт, загуби од македонската селекција, која ја предовдеа Елиф Елмас и Јани Атанасов. Токму Атанасов постигна прекрасен гол, откако со ножички го совлада англискиот голман Каминг. Чабола од Челси беше капитен, а за Англија беа викнати и Рис Џејмс, Еди Нкетија и Џејдон Санчо.

За Македонија, пак, покрај Атанасов и Елмас, играа и Дарко Чурлинов, Димитар Митровски и Бојан Миовски, кои сега се дел од оваа селекција. Митровски го постигна вториот гол на средбата.

Се вчитува...