ВИДЕО: Надежите на Милевски шокирани – Гибралтар води со Македонија!

Младата репрезентација на Македонија игра очаен натпревар на гостувањето против Гибралтар во Фаро, Португалија. По 70 минути домашниот аутсајдер крајно неочекувано има водство од 1-0 против селекцијата на Благоја Милевски, по погодокот на Ториља во 64. минута од средбата.

Ова е прв гол за Гибралтар во шестиот нивни натпревар во овие квалификациите во кои досега имаат пет порази со гол разлика од 0-14…

Иако, Македонија постојано напаѓа на дуелот не успева да дојде до мрежата на противникот. Затоа, пак, Гибралтар од првата своја шанса и обид кон нашиот гол стигна до ефектен погодок во 64. минута…

Се вчитува...