ВИДЕО: Најдобрите моменти од спектакуларниот „Супербоул“ кој ќе се памети

Њу Ингланд патриотс повторно се шампиони на НФЛ лигата откако тимот предводен од неповторливиот Том Брејди славеше над Атланта фалконс (34-28) во најлудиот „Супербоул“ во историјата на американскиот фудбал. Првпат во историјата, во 51. издание на Супербоулот, победникот беше решен со продолжение, откако „патриотите“ на чудесен начин се вратија по очајното прво полувреме.

Атланта пред крајот на полувремето имаше предност од 21-0, а на стартот од третата четвртина фалконси имаа и 28-3, но кога сите помислија дека приказната е готова на сцена стапија Брејди и големиот стратег Бил Беличек, за најголемиот пресврт во историјата на Супербоул натпреварите. Спектакуларното шоу низ одбрани моменти вреди да се погледне…

Се вчитува...