Видео: Најдоброто од Столе Димитриевски во Ла Лига, не е чудо што Барса го бара Македонецот

Столе Димитриевски се наоѓа на листата со желби на Барселона и лесно може да се случи македонскиот репрезентативен голман на самиот почеток од 2022 година да направи мегатрансфер на „Камп Ноу“.

За шпанската јавност е изненадување што Барса тргнува по Димитриевски, но овој интерес доаѓа по серијата извонредни настапи на Македонецот на голот на Рајо Валјекано, тим што моментно се наоѓа на четвртото место на табелата во Ла Лига.

Во меѓувреме, беше објавена и видео-компилација од извонредните интервенции на Димитриевски во шпанскиот шампионат, надополнети со неколку одлични одбрани на голот на македонскиот национален тим.

Со оглед на формата во која се наоѓа, јасно е дека Димитриевски заслужува да замине во некој поголем клуб, зошто да не во каталонскиот фудбалски гигант…

Се вчитува...