Минатогодишните вицешампиони од Македонија и од Хрватска, Шкендија и Динамо Загреб одиграа без голови на меѓусебниот тест дуел во Анталија.
Сепак, и покрај тоа, демонстрираа добар натпревар во кој Хрватите имаа повеќе од играта со повеќе можности за гол и далеку подобри статистички показатели. Но, пред се во првото полувреме одличен на голот на Шкендија беше Костадин Захов кој одбрани буквално се од нападите на „модрите“.
Во вториот дел, Шкендија пак ги имаше најдобрите две шанси преку Ибраими и Емини. Во финишот, дефанзивците на Динамо Загреб спасуваа и од самата гол линија по обидот на Емини а по акцијата на капитенот Ферхан Хасани…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА