ВИДЕО: Насмевки, мотив, оптимизам на стартот од подготовките за Италија

Фудбалската репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за историскиот натпревар против Италија во Палермо во баражот за пласман на Светското првенство кое годинава ќе се игра во Катар.

„Црвено-жолтите“ во одлична атмосфера го одработија првиот тренинг во полн состав, а селекторот Милевски ги имаше на располагање сите фудбалери.

Голманите беа посебно расположени и предводени од новиот тренер, Томе Пачовски релаксирано одиграа партија „сервис“ за загревање.

 

Се вчитува...