ВИДЕО: Не ќе било до теренот – Како Вардар загуби и од Работнички…!

Вардар го запиша и вториот едноподруго пораз во домашниот шампионат, нешто кое не му се случило во последните три години откако е шампион на Македонија.

По оној пораз од Победа во Прилеп во неделата, кога дел од вината се префрлуваше на лошиот терен за игра на стадионот „Могила“, „црвено-црните“ денеска беа комплетно надиграни и совладани со 3-1 и од Работнички.

„Романтичарите“ победата ја најавија со голот на Сержо јуниор уште во 17. минута од средбата…

Вардар, сепак, успеа да израмни со голот од пенал на Дејан Блажевски во 70. минута…

Но, тоа беше се што направија избраниците на Чедомир Јаневски. Веќе по само три минути, Стјепановиќ од пенал повторно ја враќа предноста на „романтичарите“.

А, во 82. минута и младиот Миле Тодоров се запишува во листата на стрелците за сосема заслужена победа на Работнички од 3-1.

Се вчитува...