ВИДЕО: Нема „романтика“ во Скопје – моќна Македонија ЃП

И трета едноподруго победа за Македонија ЃП во шампионатот од Првата македонска фудбалска лига, овој пат убедливо со 1-3 на гостувањето против Работнички на „Тодор Проески“.

По воведните 23 минути „лавовите“ на Жикица Тасевски веќе јасно ставија до знаење каков ќе биде текот на натпреварот во Скопје. Веќе во 8. минута Филип Петров погоди за 0-1, а во 23. минута Ермедин Адем стрелаше за 0-2.

Малку надеж „романтичарите“ добија по автоголот на Адем на почетокот од второто полувреме.

Но, со ефектниот гол на Бразилецот Фернандо Аугусто во 53. минута веќе се беше јасно.

Се вчитува...