Видео: Немаше фаул од Елмас над Дибала, судијата му помогна на Јуве?

Кулибали беше трагичар на Наполи со автогол во судиското продолжение против Јувентус, но „наполитанците“ сметаат дека тој гол воопшто не би бил постигнат доколку судијата не досудеше непостоечки прекршок.

Нашиот Елиф Елмас стартуваше над Пауло Дибала на повеќе од триесет метри од својот гол, а судијата веднаш досуди фаул, воедно и покажувајќи му жолт картон на македонскиот репрезентативец. Елмас реагираше при самиот судиски свиреж, а сега се појави и видео-снимка кога покажува дека тој стигнува до топката, по што Дибала паѓа преку него, што не би требало да биде фаул.

Кој губи, има право да се лути, но кога ќе се погледне снимката се добива впечаток дека судијата престрого го санкционираше стартот на топка на Елмас.

Се вчитува...