Видео: Нено „Бананамен“ Димитријевиќ

Предгледот на играта во напад му е најсилна страна на Ненад Димитријевиќ, но македонскиот репрезентативец на вечерашниот меч со Фуенлабрада покажа дека знае да блесне и во дефанзива, со блокада што дефинитивно ќе се вброи меѓу потезите на колото во шпанската АЦБ-лига.

Се играше третата четвртина кога Мело Тримбл тргна на положување, Димитријевиќ одлично го следеше, за потоа да го „залепи“ на самата табла.

Судиите најпрвин досудија дека блокадата е задоцнета, но со прегледување на снимката и самите увидоа дека потегот беше апсолутно исправен, по што му ја доделија топката на Хувентуд.

Се вчитува...