ВИДЕО: Неверица и тага кај Пандев и соиграчите – Веста за смртта на Астори ја дочекаа на загревање!

Фудбалерите на Џенова и Каљари денеска некаде околу 12 часот се загреваа пред меѓусебната пресметка во Серија А… И се во најдобар ред, подготвувајќи се дуелот за бодови.

И, тогаш доаѓа веста за трагедијата која го затекна италијанскиот фудбал и смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори. Огромен шок и неверување кај Пандев и неговите соиграчи… Нивната реакција најдобро ја отсликува тагата која ја опфати Италија, но и европскиот фудбалски свет…

Се вчитува...