ВИДЕО: Неверојатен хет-трик… Еден гол од слободен удар од 50 метри, друг со „бомба“ од 20 метри

Беневенто ита кон промоција во Серија А. Тимот кој од клупата е предводен од Пипо Инзаги синоќа на отворањето на 15. коло во Серија Б славеше против Трапани со убедливи 5-0.

Но, вечер за паметење имаше 30-годишниот Бенито Николас Виола кој запиша хет-трик. Посебно ефектни беа неговите два гола од финишот на мечот.

Во 82. минута го фати на „спиење“ противничкиот голман постигнувајќи гол од слободен удар од 50 метри, а потоа во 89. минута ги постави конечните 5-0 со „бомба“ од 20 метри.

Се вчитува...