ВИДЕО: Тотално „лудило“ во Истанбул – „Кралот“ падна првпат сезонава со кош во последната секунда!

Кошаркарите на Реал Мадрид го доживеаја првиот пораз сезонава во Евролигата, и тоа на неверојатен начин по продолжение во повеќе од драматична трилер завршница на гостувањето против Фенербахче во Истанбул.

Откако мечот заврши 87-87 по регуларните четири четвртини, Фенербахче дојде до конечна победа од 100-99 во продолжението, и тоа со поените на Јан Мадар во последната секунда.

Реал Мадрид на девет секунди до крајот имаше предност од 96-99. Но, потоа следеше вистинската драма. Најпрво на шест секунди до финишот, Марко Гудуриќ беше фаулиран и доби две слободни фрлања кои ги искористи за 98-99. Кога се очекуваше Реал, сепак, да приведе до победа, Кампацо на две секунди до крајот загуби топка од Гудуриќ кој го проигра Јам Мадар, а овој буквално  во последната секунда погоди за победа на турскиот тим од 100-99.

Гудуриќ со 21 поен и Вилбекин со 19 поени беа најдобрите поединци кај Фенербахче, а Кампацо иако постигна 33 поени за Реал, беше трагичар со загубената последна топка на мечот по која Мадар ја донесе победата.

Монако со 85-77 триумфираше против Олимпијакос.

Се вчитува...