ВИДЕО: Нова луцидност на Тричковски – Седми гол, стрелец буквално на секој меч за АЕК Ларнака!

Продолжува извонредната гол-форма на македонскиот офанзивец Иван Тричковски сезонава во шампионатот на Кипар. Тричковски во 6. коло од најсилната лига го постигна и седмиот свој гол сезонава, запишувајќи се во листата на стрелците буквално на секој натпревар сезонава!

На дуелот против Паек, АЕК Ларнака има предност од 2-0 по првото полувреме а Тричковски со нова луцидност, на мајсторски начин во 12. минута со глава постигна гол за водство од 1-0 на својот тим…

Се вчитува...