Видео: Нова мајсторија на Федерер, сега го чека Надал

Роџер Федерер се уште им дели лекции на помладите тенисери, како што тоа беше случајот со Полјакот Хуркаш во денешното четврт-финале од мастерс-турнирот во Индијан Велс. Швајцарецот рутински славеше со 6-4, 6-4, а воедно го имаше и најубавиот поен на мечот, откако маестрално се справи со нападот на противникот и на крајот го натера Хуркаш на капитулација.

Федерер го осигура пласманот во полуфиналето, а таму сега го чека Рафаел Надал, доколку шпанскиот тенисер во последното четврт-финале успее да слави против Русинот Хачанов.

 

 

Се вчитува...