ВИДЕО: Новите мајстории на Ибраими – се запишува во историјата на Првата лига!

Шкендија славеше со 0-3 против Ренова во Тетово во претпоследното коло од Првата македонска фудбалска лига.

Два од трите погодоци дело на Бесарт Ибраими, кој сега стигна до бројката од 23 гола во прволигашкото друштво, прв на листата на најдобрите стрелци со три гола предност во однос на соиграчот Ферхан Хасани. Ибраими сега е на добар пат да запише историја за Првата лига на Македонија како прв фудбалер кои три сезони по ред успеал да стигне до епитот – најдобар стрелец! Претходно, единствено Ивица Глигоровски и Арџент Беќири двапати по ред биле најдобри стрелци во елитниот македонски фудбал.

Ибраими првиот гол против Ренова го постигна во 18. минута…

Потоа постигна убав погодок и во 20. минута за 0-2…

А, третиот гол за „црвено-црните“ го постигна Жуниор во 30. минута.

Се вчитува...