ВИДЕО: Ново излетување на Иџе Стефановски…, Давидовски на 15. место во Холандија

Игор Стефановски – Иџе не успеа да ја заврши и втората трка од европската ТЦР серија. По претходното излетување во Франција, Стефановски имаше инцидент и на денешната трка во Холандија останувајќи повторно без пласман.

На самиот почеток на трката во Зандворт инцидент предизвика Бар кој го допре автомобилот на Наѓ, по што Унгарецот се изврте од заштитната ограда, а во мешаницата налета и Стефановски кој не успеа да го избегне судирот…

Трката продолжи по комплетното расчистување на мешаницата. На крајот триумфираше Микел Аскона, а вториот наш прертставник во ТЦР шампионатот, Виктор Давидовски заврши на 15. место.

Утре, од 14:55 часот се вози втората трка во Зандворт. Дополнително ќе биде познато дали Стефановски ќе настапи на истата поради штетата на автомобилот.

Се вчитува...