Видео од хаосот: Жу има луда среќа што остана жив

Денешната трка за ГН на Велика Британија многу лесно можеше да биде трагична за Гванју Жу, по страшното излетување на кинескиот возач при првиот свиок од првиот круг.

Се појави и видео од излетувањето на Жу, на кое јасно се гледа како неговиот болид превртен се врти по аслфалтот, по што лета преку заштитната ограда и се удира во тврда површина.

Заштитата на болидот пресуди да биде избегнато најлошото, а Жу по деталните лекарски прегледи беше пуштен од болница, што е јасен знак дека тој минал без посериозни повреди.

Погледнете како изгледаше страшното излетување на Кинезот од патеката…

Се вчитува...