Видео од нов агол: МекГрегор прв удри, за почеток на хаосот по борбата

Се уште не стивнува бурата по спектакуларниот меч меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор, особено за хаосот што стана по крајот на борбата кога дојде до масовна тепачка и во октагонот, но и надвор од него.

Нурмагомедов бесен од провокациите од страна на еден од тренерите од спротивниот табор ја прескокна оградата и тргна да се пресмета со него, а во исто време најблиските соработници на Хабиб во рингот го нападнаа МекГрегор. Сепак, на најновото објавено видео јасно се гледа дека МекГрегор прв замавнува на пријателот на Нурмагомедов, Ислам Махачев, упатувајќи го првиот удар, по што овој му возвраќа.

Во меѓувреме, во рингот се искачува вториот пријател на Хабиб, Зубаир Тухугов, кој доскокнува внатре и од задгрб го удира Ирецот.

Се вчитува...