Видео од трагичната несреќа во која загинаа двајца хрватски спортисти: Секунди ужас во Задар (ВИДЕО)

Двајца млади хрватски спортисти синоќа го загубија животот во сообраќајна несреќа во Задар.

Загина 19-годишниот ракометар на ППД Загреб, Јосип Кадија кој управувал со возилото кое излетало во јадранското море, а загинал и Јосип Бркјачиќ. Со брза интервенција случајни минувачи го спасиле животот на 22-годишниот Крешимир Шкара, кој исто така бил во возилото, а во моментов се наоѓа во болницата во Задар.

„На третиот му помогнаа случајни минувачи да се спаси, но за останатите двајца немаше спас, автомобилот многу брзо потона во морето. Беше темно, ништо не се гледаше. Ова е голема трагедија“ – раскажуваа очевидци.

Се вчитува...