ВИДЕО: Одбраната на Борко Ристовски за титула на Вардар!

Борко Ристовски е еден од хероите на Вардар во победата од 23-26 на гостувањето против Еурофарм Пелистер во дербито кое одлучуваше за титула во ракометниот шампионат.

Ристовски на 40 секунди пред крајот, при резултат 23-25 имаше извонредна одбрана на зицер, со што и дефинитивно им ги скрати надежите на битолчани дека може да дојдат до реми и пат кон титула.

Претходно, Ристовски имаше извонредна одбрана за одбележување и при резултат 20-21 за Вардар.

Се вчитува...