ВИДЕО: Одбраната на Работнички е „швајцарско сирење“ – „Пандевци“ со еден карамбол и со еден автогол водат со 0-2!

Академија Пандев по само 25 минути игра има веќе предност од 0-2 на арената „Тодор Проески“ во Скопје против Работнички во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Пандевци“ ги дрмаат „романтичарите“ чија одбрана е тотално раштимана.

Најпрво уште во 10. минута, Академија Пандев дојде до предност од 0-1 со голот на Томовски по еден карамбол пред голот на домашните и очајна реакција на одбраната на Работнички.

Од 24. минута веќе е 0-2 и тоа по уште еден помалку смешен гол, овој пат автогол на Јанакиевски кој ја смести топката во сопствената мрежа.

Се вчитува...