ВИДЕО: Пандев царуваше, па поцрвене… Џенова прокоцка предност од два гола со Лече

Феноменалната игра на  капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев не беше доволна Џенова да однесе триумф на гостувањето кај Лече. И покрај предноста од 0-2, на крајот гостите мораа да се задоволат само со бод (2-2).

Популарниот „Гранде Пандев“ донесе водство за Џенова со неверојатен лоб од 40 метри во 31. минута минута. Пандев беше „виновник“ и за вториот гол на Џенова, откако над него беше направен пенал во судиското надополнување во првото полувреме кој успешно го реализираше Доменико Кришито.

Во вториот дел, домаќините заиграа многу подобро. Фалко во 60. минута го намали резултатот на 1-2. Нов проблем за Џенова беше вториот жолт картон за Агудело во 69. минута, по кој, само минута подоцна Лече со голот на Табанели успеа целосно да се врати во мечот (2-2).  За трагедијата да биде поголема за Џенова, најдобриот поединец во тимот, Горан Пандев, набрзина доби два жолти картони, а домаќините во последните петнаесет минути беа со два играчи повеќе.

Со ремито Џенова останува на 18. позиција која следната сезона води во Серија Б со 11 бода, додека Лече е четиринаесетти со 15 бода.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...