ВИДЕО: „Пандевци“ и со „скалпот“ на Шкендија – Чешмеџиев со убав гол ја реши драмата!

Академија Пандев сосема заслужено стигна до триумф од 3-2 против лидерот Шкендија во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига, веќе сега и дефинитивно најавувајќи ги своите отворени амбиции за водечките позиции во домашниот шампионат.

„Пандевци“, искористувајќи го и новиот пораз на Вардар, сега се пробија на втората позиција на табелата… Шкендија ја решија со убавиот гол на Чешмеџиев во 90. минута од средбата, откако претходно во драматичниот натпревар, најпрво Академија Пандев дојде до водство со головите на Балдовалиев во 24. минута и Марков во 52. минута.

Но, Шкендија со погодоците на Радески во 53. минута, и на Ибраими во 71. минута, успеа да израмни. За да, сепак, огромна радост за струмичани донесе Чешмеџиев…

Се вчитува...