Видео: Пелистер повеќе ќе жали по ремито на битолското дерби

Ракометарите на Работник и на Пелистер во одличен натпревар достоен за градско дерби на крајот ги поделија бодовите, ремизирајќи 24-24.

И двата тима имаат за што да жалат, „фармацевтите“ што е прекината нивната перфектна серија што траеше од стартот на сезоната, додека „пелистерци“ за испуштената шанса за победа, бидејќи имаа напад за „плус два“ во последната минута, а потоа лошо одиграа и при последната акција на натпреварот. „Зелено-белите“ дефинитивно имаат за што да жалат, бидејќи и без неколку стандардни играчи можеа до цел плен, со што ќе направеа џиновски чекор напред кон плејофот.

На крајот пресуди мирната рака на репрезентативецот Филип Кузмановски, кој рутински го реализираше седмерецот за израмнување на десетина секунди пред крајот.

Во продолжение, погледнете ги последните две минути од оваа интересна средба.

Се вчитува...