ВИДЕО: „Пелистерци“ киксираа – Тимов за пресврт победа на Силекс!

Екипата на Силекс веќе фаќа ритам кон горниот дел од табелата во домашниот шампионат, откако стигна до голема победа од 1-2 на гостувањето против Пелистер во Битола во 12. коло од ПМФЛ.

Тимот на Жикица Тасевски сосема заслужено стигна до трите бода, кои си ги обезбеди по голем пресврт во повеќе од интересниот дуел.

Откако домашните дојдоа до предност со голот на Лукас во првиот дел, во второто полувреме целосен пресврт. Најпрво, Георгиев во 67. минута го израмни резултатот, а потоа Филип Тимов во 76. минута го искористи киксот на домашната одбрана за да ја донесе победата од 1-2…

Се вчитува...