ВИДЕО: Пенал-драмата среќна за кратовци, Велиновски е трагичар за „пандевци“

Кратовски Силекс, по 1994 и 1997 година, дојде и до третата своја титула во Купот на Македонија откако по изведувањето на пеналите славеше против Академија Пандев во финалето со 4-3.

Карчески беше стрелец на последниот пенал за Силекс, а Велиновски е трагичар за „пандевци“ откако не успеа да го реализира петтиот пенал за својот клуб.

Претходно, за Академија Пандев погодија Стоилов, Илиев, Маркоски, а не реализираше и Димоски, додека за Силекс реализираа Ивановски, Штерев и Тимовски а во четвртата серија не погоди Георгиев.

Се вчитува...